Полицијата евидентирала три одвоени случаи на физички напади врз малолетници во Куманово, Скопје и Штип.

Во првиот случај, на 6 март во 11:30 часот во СВР Куманово, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека претходниот ден во два наврати во основно училиште во градот нејзиниот 12-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.

Во вториот случај, на 7 март во 03:20 часот во СВР Скопје, 45-годишен скопјанец пријавил дека околу 00:15 часот на подрачјето на Центар неговиот 16-годишен син и негов другар биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои некои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Третиот случај е регистриран во Штип, каде што на 6 март во 22:20 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.А. (21) од Штип. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот пред игротека физички ја нападнал 10-годишната ќерка на М.Ч. (43) од Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Три случаи на насилство врз малолетници за еден ден: напади во Куманово, Скопје и Штип е превземен од МАКФАКС.