Полициски службеници привеле 57-годишен маж од Скопје по пријава за следење и вознемирување на жена.
Како што информира МВР, на 7 март 2026 година во 06:30 часот бил лишен од слобода С.Д. (57) од Скопје.
Тој бил приведен по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје, која пријавила дека во периодот од јануари 2026 година до сега се однесувал агресивно кон неа, ја следел, фотографирал и телефонски ја вознемирувал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Фото: Depositphotos
Текстот Приведен скопјанец: ја следел, фотографирал и вознемирувал жена со месеци е превземен од МАКФАКС.























