Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со припадници на САЕ „Тигар“ успешно евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена по добиен повик во претпладневните часови, по што хеликоптер со тим од САЕ „Тигар“ веднаш полетал кон местото на настанот.
На непристапен терен на Шар Планина тие успеале да ја извлечат повредената италијанска државјанка, по што таа била транспортирана со хеликоптер до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување медицинска помош.
Текстот (Видео) Хеликоптерска акција на Шар Планина: Спасена повредена Италијанка е превземен од МАКФАКС.























