Двајца млади од Битола се повредени откако патничко возило „мини купер“ излетало од патот во близина на селото Велмевци, демирхисарско.
Како што информира МВР, на 7 март 2026 година во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека возилото со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (25) од Битола, излетало од патот.
Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле возачот и сопатникот Х.Н. (21) од Битола, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош.
При преземање службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта.
За настанот бил извршен увид.
Текстот Двајца повредени во сообраќајка кај демирхисарско, возачот имал 1,66 промили алкохол е превземен од МАКФАКС.























