Полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле 51-годишен маж од село Врапчиште, гостиварско, поради сомнение дека упатувал закани кон својата поранешна партнерка.

Како што информира МВР, на 6 март во 14:20 часот во село Врапчиште бил приведен З.А. (51), кој се сомничи дека во текот на 2025 година на својата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје ѝ упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа.

Според пријавеното, тој го оштетил нејзиното патничко возило, ја следел и ѝ се заканувал, а на нејзиниот автомобил поставил и уред за следење.

Од осомничениот е одземено оружјето кое го поседувал со дозвола.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Depositphotos

Текстот Приведен маж од Врапчиште: се сомничи дека ѝ се заканувал и ја следел поранешната партнерка од Скопје е превземен од МАКФАКС.