Унгарскиот премиер Виктор Орбан преку социјалната мрежа „Икс“ му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за закани и уцени и барајќи да се овозможи премин на унгарските пратки со нафта.
„Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Тоа нема да помине. Престанете со тоа. Унгарците не може да се уценуваат, а мене не можете да ме заплашите“, напиша Орбан.
Тој побара да се прекине, како што ја нарече, „нафтената блокада“ и да се дозволи транзит на унгарските пратки со нафта.
Нивниот судир во последните денови ескалираше откако Зеленски на средба со новинарите изјави дека би можел „да ја даде адресата на една личност во Европската унија“ која ја кочи европската помош за Украина, за украинските војници „да ја повикаат и да разговараат со неа на свој јазик“. Истовремено трае и спор околу енергетиката и снабдувањето со нафта.
Фото: Depositphotos
Текстот Орбан до Зеленски: Престанете со заканите и пуштете ги унгарските пратки нафта е превземен од МАКФАКС.























