Џеси Нгатикаура, ѕвезда на ријалити шоуто „Тајните животи на мормонските жени“, изјави дека се чувствува несигурно по пластична операција вредна околу 25.000 долари, од чии резултати е многу незадоволна.

Во емотивно видео на „Тик-Ток“ таа рече дека операцијата, според неа, ѝ го уништила животот и кариерата.

@_justjessiiiiDon’t know what’s going on with my nose with this filter.. but be kind ♬ original sound – Jessi Draper

„Чувствувам дека оваа последна операција ми го уништи животот. Мојата работа во голема мера зависи од мојот изглед, а сега сите ме напаѓаат“, рече таа.

Нгатикаура објасни дека првично планирала само корекција на долните очни капаци, но на крај направила и дополнителни зафати, меѓу кои и трансфер на масно ткиво, за кој вели дека не го сакала.

Таа додаде дека не е задоволна од резултатите и дека ова искуство за неа е „најголема животна лекција“, поради што во иднина нема да прави нови естетски зафати на лицето.

Текстот (Видео) Ријалити ѕвезда жали за пластична операција од 25.000 долари: „Ми го уништи животот“ е превземен од МАКФАКС.