Снимен е моментот кога американскиот бомбардер B-1 „Лансер“ слетува во база во Европа. Станува збор за еден од најбрзите бомбардери на американското воено воздухопловство.

Авионот, кој може да носи до 24 крстосувачки ракети, слетал во Велика Британија.

B-1 „Лансер“ е долг околу 44,5 метри, има распон на крилја од 41,8 метри и тежи околу 86 тони. Според податоците на „Боинг“, може да достигне брзина поголема од 1.450 километри на час.

Бомбардерот има напредни радарски и GPS системи за гаѓање цели, како и електронски системи за избегнување откривање.

Со авионот управува четиричлена екипа, а претходно бил користен во операции во Сирија, Либија, Авганистан и Ирак.

Бомбардерот пристигнал во базата RAF Fairford во Глостершир, откако британскиот премиер Кир Стармер одобрил САД да користат британски бази за одбранбени операции.

Фото: depositphotos

Текстот (Видео) Најбрзиот американски бомбардер пристигна во Европа е превземен од МАКФАКС.