Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека сите летови кон и од Дубаи се суспендирани до понатамошно известување и ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот.

Од компанијата наведоа дека нови информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни и им се заблагодарија на патниците за разбирањето и трпението.

„Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш највисок приоритет и нема да биде доведена во прашање“, соопшти авиокомпанијата.

„Емирати“ информира дека патниците кои имале резервирани летови меѓу 28 февруари и 31 март можат да изберат пререзервација на друг лет до нивната дестинација до 30 април или да побараат поврат на средствата.

Воедно, сите градски пунктови за чекирање во Дубаи се привремено затворени до понатамошно известување.

Текстот Авиокомпанијата „Емирати“ ги прекина летовите за Дубаи, патниците да не доаѓаат на аеродром е превземен од МАКФАКС.