Германија повлекува дополнителни сили на Бундесверот од Блискиот Исток, потврди воен портпарол за „Ројтерс“. Одлуката е донесена на седмиот ден од американско-израелската војна против Иран, која го дестабилизираше целиот регион, пишува „Ројтерс“.
Портпаролот појасни дека војниците распоредени во мировната мисија УНИФИЛ во Либан се повлекуваат поради безбедносната ситуација. На ова му претходеше значително намалување на германското воено присуство во Ербил во северен Ирак.
Новинската мрежа RND, која прва го објави повлекувањето, соопшти дека германските војници стационирани во Бахреин веќе се вратиле дома, додека подготовките за повлекување од Кувајт се во тек. Воен портпарол одби да коментира за извештаите.
Според извештајот на RND, војници и персонал од германската амбасада во Багдад, исто така, се преместуваат во Јордан. Министерството за надворешни работи не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар на информацијата.
Околу 500 германски војници се распоредени во регионот, главно во Ирак и Јордан. Поради зголемените безбедносни ризици, германските власти неодамна веќе преместија дел од персоналот од воените кампови и намалија дел од контингентите.
Текстот Германија повлекува дополнителни сили од Блискиот Исток поради војната е превземен од МАКФАКС.























