Полицијата употребила огнено оружје против маж кој нападнал минувачи и полицајци со нож во љубљанската населба Фужине. Напаѓачот починал на местото на настанот, а подрачјето околу плоштадот е затворено.

Драматичниот инцидент се случил денеска, а од Полициската управа Љубљана потврдиле дека мажот со нож нападнал минувачи и полицајци, по што полицијата употребила огнено оружје.

Според „Словенске новице“ каде што е објавено и видеото, напаѓачот починал на местото на настанот.

Набргу по инцидентот на социјалните мрежи се појавила и снимка од настанот. На неа најпрво се слуша пукање, а мажот што снима вознемирено извикува:

„Боже мој, боже мој. О, Боже, пукаат, жена пукаше. Фужине веќе не се Фужине. Фужине не е безбедно.“

Потоа тој се приближува до местото на настанот, каде што се гледа застрелан маж како лежи на средината на улицата, додека над него стојат еден полицаец и две полицајки.

Фото: Depositphotos

Текстот Полицијата застрела маж во Љубљана откако нападнал минувачи и полицајци со нож е превземен од МАКФАКС.