Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште во ноември поставил цел да биде ликвидиран тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.
Во интервју за израелската телевизија „Чанел 12“, Кац рече дека по консултации со израелската војска (ИДФ) и разузнавачката служба Мосад бил одреден и временски рок за операцијата.
„Во договор со ИДФ и Мосад, целниот датум на крајот беше поставен за средината на оваа година, околу јуни“, изјави Кац.
Тој додаде дека во таа фаза Израел не ги споделил плановите со САД и дека се подготвувале за можноста операцијата да ја спроведат самостојно.
Според него, подоцна започнал дијалог меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, а меѓу двете земји се разговарало и за можноста за пад на иранскиот режим.
Кац посочи и дека протестите што избувнале во Иран кон крајот на минатата година предизвикале загриженост дека режимот би можел да изведе превентивен напад врз Израел или врз американските сили во регионот.
Текстот Израелскиот министер за одбрана: Планот беше Хамнеи да биде ликвидиран кон средината на оваа година е превземен од МАКФАКС.























