Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за поседување нуклеарно оружје на својата територија, што би можело да овозможи распоредување нуклеарно оружје во случај на војнa.
Станува збор за измена на Законот за нуклеарна енергија од 1987 година, кој досега забранува увоз, производство, поседување и детонација на нуклеарни експлозиви во земјата.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека измената е неопходна за да се овозможи одбраната на Финска во рамките на НАТО и целосно да се искористи системот на одвраќање и колективна одбрана.
Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, по руската инвазија врз Украина.
Земјата пред две години потпиша и одбранбен договор со САД кој им овозможува на американските сили користење на 15 фински воени објекти.
Соседните земји Шведска, Данска и Норвешка имаат долгогодишна политика против нуклеарно оружје на нивните територии во мирно време, но немаат законски забрани за време на војна.
Текстот Финска планира да ја укине забраната: можно нуклеарно оружје на своја територија во случај на војна е превземен од МАКФАКС.























