Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на комуналната инфраструктура на територијата на општината. Во тек е поставување на атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, на делница во должина од еден километар со ширина на улицата од седум метри, соопштија од таму.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава, како што појаснуваат, долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води, што значително ќе придонесе за подобрување на условите за живот и зголемување на безбедноста за жителите во овој дел од населбата.
„Инвестициите во комуналната инфраструктура претставуваат основа за поквалитетно и побезбедно секојдневие на граѓаните. Општина Ѓорче Петров останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти и во наредниот период ќе продолжи со активности за унапредување на условите во сите делови на општината“.
Текстот Се поставува атмосферска канализација на ул.„Воин Драшкоци“ во населбата Хром е превземен од МАКФАКС.























