Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“ е комплетно завршена и подготвена за користење, соопшти Општина Илинден.
Станува збор за современо изведена улица со должина од 512 метри и широчина од 6 метри, проектирана по највисоки стандарди, со тротоари од двете страни во широчина од по 1,5 метри, што овозможува безбедно и функционално движење на сите учесници во сообраќајот.

„Со оваа инвестиција, Општина Илинден уште еднаш потврдува дека континуирано и посветено работи на изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на улиците во месноста Јака, како и во сите населени места на нејзина територија, обезбедувајќи поквалитетни, побезбедни и современи услови за живот за сите граѓани“, се наведува во соопштениет.
Текстот Комплетно завршено асфалтирањето на улица „103“ во Јака е превземен од МАКФАКС.























