Американскиот министер за одбрана Питер Хегсет му порача на својот израелски колега Израел Кац да оди до крај и дека Соединетите Американски Држави се со нив, објави израелското Министерство за одбрана.
Хегсет и Кац разговараа по телефон во текот на ноќта, а израелскиот министер изрази сочувство за смртта на американските војници во конфликтот со Иран.
Кац им се заблагодари и на американскиот претседател Доналд Трамп и на Хегсет за, како што рече, нивната голема поддршка за Израел.
„Соработката меѓу претседателот Трамп и премиерот Бенјамин Нетанјаху против Иран ја менува регионалната и глобалната историја“, се вели во соопштението од кабинетот на Кац, пренесува „The Times of Israel“.
Хегсет, според претходните изјави на израелското Министерство за одбрана, ја пофали и досегашната невидена соработка меѓу армиите на двете земји, како и можностите на Израелските одбранбени сили (IDF).
Текстот Хегсет му порача на Израел: Продолжете до крај, ние сме со вас е превземен од МАКФАКС.























