Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ги негираше извештаите дека САД можеби стојат зад нападот врз основно училиште за девојчиња во Иран, во кој загинаа повеќе од 165 лица, претежно деца.

За време на редовниот брифинг за медиумите, на директно прашање дали американската армија го погодила училиштето, таа одговори: „Не, колку што знаеме“.

Таа изјави дека Пентагон во моментов спроведува истрага и нагласи дека „САД не таргетираат цивили“.

„Само би ви кажала многу цврсто, САД не таргетираат цивили, за разлика од одметнатиот ирански режим. Би ве предупредила да не покажувате со прст кон САД кога станува збор за таргетирање цивили, бидејќи тоа не е нешто што го прават овие вооружени сили“, рече таа.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави претходно дека се истражуваат извештаите за воздушен напад врз основно училиште за девојчиња во јужен Иран.

Тој исто така рече дека САД „никогаш не таргетираат цивилни објекти“, но дека околностите на случајот се истражуваат.

Нападот врз училиштето се случил наутро на 28 февруари, кога основната и предучилишната установа Шаџара Тајеб во Минаб, во покраината Хормозган, биле погодени од американско-израелски напади, при што загинале 165 ученици и наставници.

Текстот САД не нападнаа училиште во Иран, ние не таргетираме цивили, вели портпаролката на Белата куќа е превземен од МАКФАКС.