Сандеј Роуз, ќерката на Никол Кидман и Кит Урбан, иако има само 17 години, веќе почна да се појавува на модната писта. Таа имаше забележителен настап на Неделата на модата во Њујорк, а нејзината позната мајка ѝ даде посебна поддршка.
Токму нејзиното последно појавување во Њујорк беше причина за остри коментари на социјалните мрежи за младата манекенка. Со оглед на тоа што е ќерка на познати родители, набрзо почнаа да ја нарекуваат непо бебе.
Најконтроверзно беше нејзиното одење на модната писта, толку многу што луѓето оставаа доста остри и навредливи коментари.
„Непотизмот е ужасен“, „Душо, симни се од модната писта“, „Изгледа навистина чудно како модел“, „Како да почнала да зборува со мајка си за татко си“, „Да немаше познати родители, немаше ни да биде тука“, „Оди како пони“, беа само дел од коментарите.
Никол Кидман објави видео од својата ќерка на пистата и го опиша како „Њујоршко бебе“, но нејзиното мислење очигледно не го делат ниту еден од нејзините бројни обожаватели.
Текстот (Видео) Ќерката на Никол Кидман исмејувана: „Душо, симни се од модната писта“ е превземен од МАКФАКС.























