Холивудската актерка Наоми Вотс (57) во последно време често се појавува на разни настани и секогаш остава без здив со својата внимателно избрана елеганција и природен изглед.
Во неодамнешното интервју за „Bustle“, Наоми откри дека сè уште не сака да оди под нож и се надева дека луѓето ќе ги прифатат нејзините опуштени образи.
„Мислам дека на одредена возраст едноставно знаете што ви одговара и се држите до тоа. Повеќе не сакам да изгледам како да имам 25 години, или како некој што се труди да изгледа така“, беше искрена таа.
Наоми не е против пластичната хирургија, но признава дека никогаш немала храброст да направи нешто такво.
„Во моментов се надевам дека луѓето околу мене ќе ги толерираат моите опуштени образи, бидејќи не сакам да одам под нож. Не можам да кажам дали сум за или против тоа, но сигурно никогаш не би ги осудила оние што ќе одлучат да направат таков чекор“, вели актерката.
Сега кога нејзините деца се пораснати, Наоми не го крие фактот дека има многу повеќе време за себе и сака да ужива во некои мали ритуали, а покрај тоа, таа е вклучена и во активизам за здравјето на жените. Особено поврзани со симптомите на перименопауза, кои самата ги доживеала на 36-годишна возраст, веднаш по раѓањето на нејзиниот син.
„Во текот на денот, ако не работам или не сум пред камерите, тогаш не носам шминка. Но, секоја вечер, ако имам време, сакам да ја наполнам кадата и да уживам во топла бања. Обожавам топла вода, таа ме подготвува за добар сон“, заклучи Наоми.
Текстот „Не сакам да одам под нож, се надевам дека ќе ги прифатите моите опуштени образи“ е превземен од МАКФАКС.























