Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да престане да испорачува гас за европскиот пазар и да се фокусира на пазарите што ги смета за поперспективни.
Според претставници на ЕУ и документ што го виде Ројтерс, Европската комисија ќе презентира законски предлог за трајна забрана за увоз на руска нафта на 15 април, три дена по парламентарните избори во Унгарија.
„Сега се отвораат други пазари. Можеби би било попрофитабилно за нас веднаш да престанеме да го снабдуваме европскиот пазар и да се пренасочиме кон пазарите што се отвораат и таму да се зацврстиме“, изјави Путин пред новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин.
„Но, тоа не е одлука. Во овој случај, како што велат, тоа е размислување наглас. Дефинитивно ќе ѝ предложам на владата да го разгледа ова прашање заедно со нашите компании“, додаде Путин.
Путин повтори дека Русија отсекогаш била сигурен снабдувач на енергија и ќе продолжи да соработува со партнери кои, како што рече, се исто така сигурни, како што се Словачка и Унгарија.
Текстот Путин: Русија би можела да престане да испорачува гас за европскиот пазар е превземен од МАКФАКС.























