Амбасадата на Бугарија во Скопје за поредна година го одбележа бугарскиот национален празник 3 Март со свечен прием во хотелот „Александар Палас “. На настанот присуствуваа претставници на бугарската заедница во Северна Македонија, дипломати, политичари, општественици, новинари, бизнисмени и други пријатели на Бугарија, јавува Трибуна.

Празникот на Република Бугарија беше испочитуван од европскиот амбасадор во Скопје Михалис Рокас, заменик-министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Зоран Димитровски, поранешниот премиер на земјата проф. д-р Владо Бучковски, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, градоначалникот на Тетово Биљал Касами, градоначалникот на градот Ќустендил во Бугарија инж. Огњан Атанасов, публицистот Владимир Перев, поранешната пратеничка и научник Никица Корубин, политичарот и аналитичар Ивон Величковски, политичкиот аналитичар проф. д-р Филип Петровски, поранешниот министер за внатрешни работи проф. д-р Оливер Андонов, историчарот и дипломат проф. д-р Ангел Димитров, претседателот на Македонскиот научен институт проф. д-р Георги Николов, историчарите доц. д-р Александар Гребенаров, доц. д-р Милен Михов, Рајна Дрангова, Елисавета Шапкарева, Христо Христов, Десислава Христова, претставници на Здружението на бугарските родови од Македонија и др.

Амбасадорот на Бугарија, Желјазко Радуков, го започна своето обраќање кон присутните со кратка ретроспектива на процесот на целосната интеграција на земјата во ЕУ со влезот во еврозоната. Нешто, за што вети да им раскаже на присутните за време на минатогодишниот прием по повод бугарскиот национален празник.

Радуков се осврна и на соработката меѓу Бугарија и РС Македонија во рамките на НАТО, подвлекувајќи ја нејзината важност за безбедноста на регионот. Тој ја коментираше и состојбата на односите меѓу двете земји:

„Овде е природното место за секој еден амбасадор да раскаже, колку подобри стануваат односите на дневна база, меѓу земјата што го испратила и земјата што го примила. Но, знаеме дека тоа не е лесно за мене. Не би сакал да ве лажам. Би можел да ви раскажам за проблемите и за тоа кој е виновен за нив, но искрено речено, веќе ми е преку глава. Затоа ќе ви раскажам еден виц. За тоа како еден Бугарин и еден Македонец отишле во една крчма во Тетово. Кај нив веднаш дошол газдата Албанец, и тројцата седнале, јаделе, пиеле и се веселеле, бидејќи така прават нормалните луѓе. 99 % од интеракциите на луѓето се токму такви нормални. По циничните меѓу нас, најверојатно ќе одбележат дека, ако хероите на нашата историја беа политичари, тешко дека крајот (на вицот бел. уред) ќе беше таков. Но, дозволете ми да одбележам дека 95% од политичарите исто така се луѓе“, изјави Радуков.

Бугарскиот амбасадор се обрати и кон присутните претставници на бугарската заедница во земјата. Барајќи од нив извинување:

„Дозволете, да ѝ се обратам на бугарската заедница и да побарам од нив едно извинување. Простете, што не можам да бидам насекаде. Што не можам да го познавам секој еден од вас и што не можам сите да ве прегрнам. Овде секој ден откривам нов пријател. Секој ден, некој ми се јавува, чисто да оствари контакт и да ми каже: „Овде сум и сум на располагање“. Ве сакам! Јас сум со вас! Знам дека доаѓа поубаво време“, изјави Радуков.

Амбасадорот на Република Бугарија го заврши својот говор со благодарност до луѓето што помогнале во организацијата на приемот, до својот тим, подвлекувајќи дека не можел ни да се надева на подобра екипа.

Радуков ги поздрави и им се заблагодари на сите присутни:

„Ви благодарам што сте овде.Честит празник и наздравје“, заврши бугарскиот амбасадор.

Во видеото и галеријата што следат ќе видите дел од атмосферата на свечениот настан.

Галеријата можете да ја погледнете овде.