Во Лос Анџелес се одржаа годишните награди SAG, а една фатална Русинка прошета по црвениот тепих – Ирина Шајк. За оваа посебна пригода, таа одлучи да носи фустан без прерамки, тесен, со длабоко деколте и отворен грб.

Не треба да се изостави еден привлечен детаљ – длабок шлиц на бутот што ја разгоре имагинацијата на многумина.

Таа дополнително го нагласи овој драматичен изглед со црни кожни ракавици и чевли, исто така во црна боја. Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови што паѓаа по грбот.

Нејзината впечатлива шминка беше исто така забележлива – темна сенка за очи и ајлајнер што ги истакнуваа нејзините сини очи и заводлив поглед, а не треба да го заборавиме и црвениот кармин што го заокружи овој секси изглед.

Ирина неодамна беше домаќин на познатиот фестивал „Санремо“ во Италија и потценување е да се каже дека ја воодушеви јавноста со своите комбинации.

За пригодата, таа подготви 5 „убиствени“ фустани кои, секој на свој начин, ги истакнуваа нејзините најубави физички црти.

Текстот (Видео) Таа е вистински пример за руска убавица: Тој студен поглед не може да се замени со ништо. е превземен од МАКФАКС.