Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.

Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.

Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.

Израел објави дека нема повредени во нападите.

 

фото/Depositphotos

Текстот Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху е превземен од МАКФАКС.