Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија на 27 февруари изведе вежба на учебниот полигон „Корен“. Ова е прва вежба по ротацијата на бугарските маневарски формации во борбената група, јавува Бугарски воен журнал, пренесува Трибуна.

Во вежбата учествуваа 300 воени лица со 30 единици борбена техника – бугарски механизиран вод од 31. механизиран баталјон, италијански маневарски формации со борбени возила „Дардо“ и „Фречија“, како и по еден пешадиски вод од Романија, Албанија и Северна Македонија.

Целта на вежбата беше да се покаже усогласеноста и да се оценат борбените способности на поединечните елементи од борбената група во меѓусебна интеракција на тактичкото поле во две фази – одбранбена и офанзивна.