Според првичните наоди на бугарската полиција за несреќата на автопатот Струма во Бугарија, автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ изгорел целосно за неполни две до три минути, а токму тоа е причината за големиот број починати патници.
Според првичните наоди на полицијата пожарот започнал во предниот дел на автобусот.
Тврдењата дека во предниот дел на автобусот имало нелегален резервоар со капацитет од 1000 литра за нафта и дека во автобусот се превезувала поголема количина на пиротехнички материјали се шпекулации на медиумите.
Бугарската новинарка Патриција Кирова сведочела дека сите жртви во страшната несреќа биле на средната врата од автобусот и се обидувале да побегнат, а ниту еден патник не бил на своето седиште.