„Околу 30 000 се предметите што чекаат докажување бугарско потекло за добивање на бугарско државјанство во моментот“, соопшти Катја Матева- Трифонова, директор на Дирекцијата „Бугарско државјанство“ кон бугарското Министерство за правда.
Според Катја Матева, големиот број предмети се должи на потврдите за бугарско потекло што ги издава Државната агенција за Бугарите во странство. Според нејзините наводи повеќе од 80 % од издадените потврди се на базата на членство во невладини организации надвор од Бугарија. Таа вели дека треба да се даде поголем рок во кои луѓето што чекаат треба да обезбедат дополнителни документи со кои да го докажат своето бугарско потекло. Предметите што се на чекање се од 2019 година.