Актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски најави 3.000 денари за секое новородено дете во Општината.

„Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари.

Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.

Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.

Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.

Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство!“, вели Костовски.

Текстот 3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави Костовски е превземен од МАКФАКС.