Хороскопските знаци се разликуваат според карактеристиките!

Многумина веруваат дека несебичната љубов и трпението се белегот на одличен брак. Сепак, има некои хороскопски знаци кои немаат толеранција или трпение што понекогаш е неопходно.

Риба

Рибите немаат толеранција кога партнерот ќе згреши. Без разлика дали тоа е нешто едноставно како доцнење на состанок или заборавање годишнина. Им треба долго време да простат и заборават.

Стрелец

Паровите кои живеат заедно разбираат дека мора да се откажат од сопствениот простор за другиот партнер да се чувствува удобно ако сакаат да имаат заеднички дом. Сепак, Стрелецот не сака да му се нарушува личниот простор.

Шкорпија

Шкорпијата можеби изгледа како најприлагодлив партнер, но кога се во прашање финансиите, сепак не ги сакаат заедничките трошоци. Нема да толерираат никаков трошок што ќе го сметаат за непотребен.