Александар Гавриловски роден на 7 март 1996 година е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Тој почина денес во 11 часот, како од покритичните пациенти кои се лекувале во Литванија.

Министерот Арбен Таравари изјави дека од 4 април му била влошена состојбата, а од вчера бил ставен на хемодијализа. По телото имал 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.

Во моментот меѓу повредените кои се лекувата има уште двајца критични пациенти, а нивната состојба е стабилна.

Александар е вториот пациент кој почина во Литванија од 193-те повредени лица во пожарот.

Министерот Таравари, изрази сочувство до семејството.

Во петокот минатата недела во Литванија почина и управителот на дискотеката „Пулс“, Александар Карадакоски. Министерот Таравари кажа дека неговата состојба цело време била критична, на први април му откажале бубрезите, 36 отсто од телото му било со изгореници, а од вдишаниот пламен дури 90 отсто од дишните патишта му биле изгорени.

Текстот 29-годишниот Aлександар е 61-та жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од втор степен е превземен од МАКФАКС.