Изминатата ноќ полицијата апсеше пијани возачи во Кочани, Македонска Каменица и Виница. Сите се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.
„Синоќа во 03.20 часот на улицата Александар Македонски во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило ’ауди’, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта. Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на улицата .Гоце Делчев полициски службеници го лишија од слобода Т.Г. (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило ’шкода’ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.
Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата ’Искра’ во Кочани, полициски службеници го лишија од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило ’сузуки’ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.
Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница, полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило ’голф’ со 1,57 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР,
По целосно документирање на случаите, против пијаните возачи ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот 28-годишник возел со 2,04 промили алкохол во крвта, полицијата уапси пијани возачи во Македонска Каменица, Кочани и Виница е превземен од МАКФАКС.