“Турските Филмски Ноќи” ќе се организираат во градовите Скопје и Штип од Атешеата за Култура и Туризам при Амбасадата на Република Турција во Скопје.

“Како дел од празнувањето на 29 Октомври – Денот на Републиката, Атешеата за Култура и Туризам ќе одржи филмски проекции во Скопје и Штип во рамките на ‘Турските Филмски Ноќи’, започнувајќи од 28 до 31 октомври. Сите љубители на киното се поканети на проекциите”, се вели во соопштението на Советништвото за Култура и Туризам при Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Инаку, проекцијата на 4 турски филмови: “Некогаш во Анадолија”, “Последното писмо”, “Дивата крушка” и “Кримски”, за време на овие ноќи ќе се одржи од 20:30 часот во “Киноверзум Кино – Кисела Вода” – Скопје и “Киноверзум Кино” во Штип.