Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа пријавени се вкупно 27 починати лица:
12 лица од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г)
3 лица од Битола (60г, 66г и 79г)
3 лица од Охрид (58г, 66г и 77г)
2 лица од Куманово ( 59г и 75г)
2 лица од Тетово (54г и 68г)
Едно лице од Прилеп (86г)
Едно лице од Велес (56г)
Едно лице од Гостивар (76г)
Едно лице од Струмица (73г)
Едно лице од Кичево (63г)
Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.