МВР по неколкумесечна истрага откри и поднесе кривична пријава против 27-годишен маж од Гостивар, К.Н., кој на 28 февруари преку лажен профил на Инстаграм објавувал фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност.

Објавите биле придружени со текстови со навредлива, сексистичка содржина.

Пријавениот признал дека ги злоупотребил личните податоци на девојките, а против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.

Лицето е повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признало делото./Макфакс

Текстот 27-годишен гостиварец обвинет за објавување приватни фотографии и сексистички објави е превземен од МАКФАКС.