Во Собранието на Косово се одржа свечена седница во чест на Ослободителната војска на Косово. Во нападот на српските сили на 5, 6 и 7 март 1998 година во Преказ загинаа 55 лица, од кои 22 членови на семејството на Адем Јашари.
„ Нашиот востаник Адем Јашари падна на олтарот на слободата заедно со членовите на семејството, со што стана постојан чувар на Косово, траен чувар на нашата слобода натопена во крв. Денес, државата Косово стои токму на рамениците на нашите херои, чија храброст и пожртвуваност ја обликуваа судбината на нашата република“, рече Вјоса Османи, претседател на Косово.
„ Косово беше ослободено од окупацијата на Србија токму преку политичкото наследство од кое се роди личноста и ликот на Адем Јашари. И во оваа историја на ослободување и градење на државата, многу голем удел има Адем Јашари и сето она што го претставува неговата фигура“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.