Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Диантони Мелтон, ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради операција на предните вкрстени лигаменти (ACL), соопшти клубот.
Франшизата од Калифорнија додаде дека 26-годишниот плејмејкер наскоро ќе биде опериран.
„Очигледно ова е страшна вест, многу ми е жал за Диантони, тој совршено ни одговараше и бевме многу возбудени што го имаме. Добрата вест е дека тој е млад човек и ќе има рутинска операција овие денови па би требало да може да се врати и да ја продолжи кариерата, но јас се чувствувам ужасно. Ова се лоши вести и за него и за нас“, изјави тренерот на Голден стејт, Стив Кер.
Мелтон оваа сезона одигра шест натпревари за Голден Стејт, од кои два во стартните пет.
Тој имаше просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции за просечни 20,2 минути поминати на теренот.
Како домаќин, Голден Стејт, изминатата ноќ, ја победи Атланта со 120:97 и сега е на првото место во Западната конференција со скор од 11 победи и три порази.
Инако, бидејќи остана без Мелтон до крајот на сезоната, Вориорс добија дозвола од НБА лигата да ангажираат нов играч, но за неговата плата не смеат да издвојат повеќе од 6,4 милиони долари.
Текстот е превземен од МАКФАКС.