На 22 мај 2025 година, со почеток во 18 часот, во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе се одржи свечена прослава по повод 24 маj-Денот на бугарската азбука, просвета, култура и словенската писменост, јавува Трибуна.
Во рамките на програмата, учениците од Неделното бугарско училиште „Здравеј“ ќе претстават своја специјална програма за празникот, со што ќе дадат свој придонес кон овој значаен културен настан.
Ќе биде отворена изложбата „Во почетокот беше буквата“, обезбедена од Бугарската академија на науките, која ќе ги прикаже корените и развојот на словенската писменост.