Ова било договорено за време на средбата помеѓу новата градоначалничка на Лас Вегас, Шели Беркли, и генералниот конзул на Бугарија во Лос Анџелес, Бојко Христов. Средбата, според Генералното конзулство на Бугарија, претставува „важен чекор во зацврстувањето на бугарско-американските културни и општествени врски во Невада“, јавува БНР, пренесува Трибуна.

Христов истакнал дека бугарската заедница во Лас Вегас е „активна и добро интегрирана дел од општествениот и културниот живот на градот“. Градоначалникот Беркли, пак, се обврзала да издаде прокламација со која 24 мај ќе се прогласи за Ден на бугарското културно наследство во Лас Вегас. Дополнително, зградата на Општината ќе биде осветлена во боите на бугарското знаме во чест на националниот празник.

Ова не е прв пат когаш 24 мај ќе се прославува во Лас Вегас – слични прокламации беа донесени и претходните две години од поранешниот градоначалник.

За време на средбата, Беркли била запознаена со историскиот подвиг на бугарскиот народ за спасувањето на 50.000 бугарски Евреи за време на Втората светска војна. Како подарок, таа добила каталог од изложбата „Античка Тракија и класичниот свет: богатства од Бугарија, Романија и Грција“ на музејот „Гети“.

Во канцеларијата на градоначалничката има уметничко дело на бугарскиот ликовен уметник Валентин Јорданов, кој живее и работи во Лас Вегас.

Генералниот конзул Христов се сретнал и со Тик Сигерблум, претседател на Советот на окружните комесари во округот Кларк, Невада, со кого се договориле за идна соработка.