ВЕСТ НА ДЕНОТ
Украинските сили за противвоздушна одбрана во Кијив ги уништија сите 15 јуришни беспилотни летала Шахед, над 60 ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55 и 10 ракети Кинжал, соопшти градската воена управа на Кијив во објава на Телеграм
Во Кијив, на 2 јануари, тревогата за воздушен напад траела речиси шест часа.
Заклучно со утрово веќе се знае за 92 ранети и 4 починати лица. Имајќи предвид дека операциите за пребарување и спасување се во тек, бројот на жртви може да се зголеми, велат од МНР на Украина, додавајќи дека објектите чија цел биле на нападите биле сите цивилни.
„Таргетирање на цивилни цели во војна е воено злосторство. Путин води неиспровоцирана геноцидна војна против независна и суверена Украина“ – е ставот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, кои издадоа соопштение веднаш по интензивирање на руските ракетни напади на 29 декември 2023.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Годината ја почнавме со нова инвестиција од 40 милиони евра на канадската „Магна мехатроникс“, а ја завршуваме со постигнати договори од над 480 милиони евра кои носат преку 7 000 нови работни места од кои дел веќе се реализираат. Ефектот од странските инвестиции и директните придобивки за граѓаните се најважни и тоа е главен приоритет по кој се водиме. Ако во 2016 година просечната плата била над 19 000 денари, годинава очекуваме просечна нето плата од речиси 40 000 денари што е раст од 92 отсто за само шест години. Бројот на работници во зоните се искачи на речиси 18 000 што е два пати повеќе споредено со 6 000 во 2016 година. Исто така, ако во 2016 година сме имале 650 милиони евра инвестиции, сега сме на две милијарди постигнати инвестициски договори. Имаме континуиран раст на уплатите во буџетот од компаниите кој годинава се очекува да биде околу 70 милиони евра што е седум пати повеќе споредено со периодот од пред шест години“, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).
ВОЈНА ВО УКРАИНА
До 2 јануари, 515 деца се убиени во Украина како резултат на руската инвазија, а повеќе од 1.179 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност, објави Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина на Телеграм.
*
Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, известувајќи за најновите ракетни напади на рускиот агресор и за украинска противвоздушна одбрана, упати благодарност „до сите кои се на пат да донесат одлука за помош на Украинците“.
*
Украина е жива. Украина живее. Украина се бори. Украина напредува, Украина го надминува патот. Украина работи. Украина постои. И сите заедно, ова не е новогодишно чудо, не е бајка, не е магија, туку заслуга на секој од вас. Секој од милионите Украинци. Сите кои во текот на оваа година, дење и ноќе, докажаа: Украинците се посилни, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во новогодишното обраќање до украинскиот народ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МВР Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека оваа раководство на МВР инвестираше 17 милиони евра за реконструкција на полициски објекти низ државава како и 13 милиони евра за униформи и опрема
МИГРАЦИЈА Четири чамци со вкупно 147 мигранти и бегалци се закотвија на малиот италијански остров Лампедуза, со што станаа првите што пристигнаа оваа година, објави италијанската новинска агенција АНСА
ОТПАД Еко-патролата на јавното претпријатие Комунална хигиена изготвила вкупно 596 едукативно-информативни записници кои им биле врачени на граѓани и на правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад во реонот на сите скопски општини.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Граѓаните на Косово без визи во Шенген зоната, Минатата година во Албанија беше во знакот на СПАК; Бериша во домашен притвор
КОНФЛИКТИ
Илјадници израелски војници ќе ја напуштат Газа, соопштија од израелската војска. Од таму посочија дека имаат за цел да обезбедат планирање и подготовка за продолжување на 2024 година, известуваат светски медиуми.
*
Палестинското Министерство за образование соопшти дека најмалку 4.037 ученици и 209 образовен персонал се убиени од почетокот на бруталната израелска агресија врз опколениот Појас Газа на 7 октомври.
*
Најмалку 31 Палестинец загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз области низ Појасот Газа, додека разорниот напад влегува во својот 88-ми ден.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Да им се чуди човек на медиумите и на нивните уредниците што предизборно толку навивачки инвестираат во актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој премиер ќе биде никогаш и тоа, кажано просто и во оваа една реченица, поради една многу едноставна причина според која човекот досега воопшто не понудил ниту европска ниту било каква друга визија за државата освен премиерскиот сон за себе што јасно и по стоти пат се покажа и од содржината на неговото новогодишно обраќање“, пишува Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС „Избор за обединување за него или избор за обединување за ЕУ“.
„МАНУ треба да биде свесна дека со Преспанскиот договор со Грција, ние како држава се обврзавме дека нема да го истакнуваме никаде знамето од Кутлеш. На државните институции ни под еден услов!
Драги академици, веќе знаеме дека сте „големи“ Македонци, но сега отчукува часот на кохезија, а не за делби. Поголемо родољубие и патриотизам од ова нема…“, пишува Сефер Тахири во колумната „МАНУ, не биди САНУ“.
Подготви: Б. Јордановска