Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Х.Ѓ. од селото Луково, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка, 32-годишната Г.Д. од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.