Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ го призна поразот, а црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ во „Преглед на денот“ на „ЊузмаксАдрија“ рече дека тој ги признава победата и слободата.
„Зад нас е период во кој сите треба да бидат задоволни. Црна Гора успеа да докаже дека има доволно демократска зрелост затоа што ја спроведува својата прва промена мирно и достоинствено, а владата беше формирана без поголеми проблеми“, рече Абазовиќ, додавајќи дека тоа е добра порака за граѓаните, за регионот, а дека резултатите ќе се оценуваат во некој иден период“.
На прашањето што открил во Црна Гора откако стана црногорски вицепремиер на 4 декември и дали првата одлука треба да биде да се позајмат 700 милиони евра, тој рече дека тие пронашле „административно запоставена земја во големи финансиски проблеми и долгови“.
„Најдовме земја чија администрација не може да одговори на потребите на граѓаните, во која се објавуваа тајни договори за сè и сешто, места каде што луѓето земаа плати и не доаѓаа на работа. Најдовме систем што е доста тежок за обновување, но наша должност како нова влада е да ја насочиме цела наша енергија и знаење за да направиме на граѓаните даим биде подобро“, потенцираше вицепремиерот на Црна Гора.
Зборувајќи за новиот долг од 700 милиони евра, тој рече дека нема друго решение бидејќи, како што вели, старата влада има само 500 милиони евра кредит што треба да се врати во 2021 година.
На прашањето дали знаат што ги чека и дали нешто ги изненадило последниот месец од формирањето на новата Влада на Црна Гора, Абазовиќ рече дека е изненаден само од фактот дека „луѓето мислат дека за 15 дена можеме да ги решиме сите проблеми ”
„Одговорно тврдам дека не можеме да направиме револуција за 15 дена“, предупреди Абазовиќ.