SPOTIFY вчера објави дека новиот албум на Тејлор Свифт Midnights го соборил рекордот на стриминг сервисот по број на стримови во еден ден. Така, Midnights стана најслушаниот албум во историјата на стриминг сервисот за еден ден, а популарната пејачка стана најслушаниот изведувач на Spotify.

Денеска на Твитер, Pop Base ги прецизираше бројките: Midnights е преслушан 228 милиони пати за 24 часа.

„Тоа е прв пат во историјата на оваа услуга за стриминг еден уметник да има повеќе од 200 милиони стримови во еден ден“, напишаа тие на Твитер.

Обожавателите се луди по новиот албум на Тејлор Свифт

Да потсетиме, новиот албум на Тејлор Свифт го собори рекордот на Spotify за албум со најмногу стримови во еден ден. Пејачката во петокот го објави својот нов албум, а и требаше помалку од еден ден да постави нов рекорд. Свифт им се заблагодари на своите фанови што „направиле нешто неверојатно“, а Spotify го објави рекордот на својата официјална веб-страница.

„И пред часовникот да отчука полноќ на 22 октомври, Тејлор Свифт го собори рекордот за најстримуван албум во еден ден во историјата на Spotify. Честитки, taylorswift13“, твитна на официјалниот профил на платформата.