Сексуално образование во училиштата ќе има, но не како посебен предмет, туку ќе се изучува тематски по предметите биологија или граѓанско образование.

Учениците од седмо, осмо и деветто одделение ќе учат за репродуктивното здравје, сексуално преносливи болести, родово базирано насилство и други теми со кои младите ќе се стекнат со знаење кое е соодветно на нивната возраст.

Министерката Јаневска за Сител вели она што веќе се имплементира ќе продолжи и понатаму, но нема да се воведуваат нови содржини.

Темите ќе се обработуваат од септември во овие одделенија. Инаку пилот проектот за сеопфатно сексуално образование што требаше да прерасне во изборен предмет за сите ученици од осмо и деветто одделение се уште се спроведува како вон наставна активност во две училишта во Скопје и  едно во Тетово.