Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла денеска ќе престојува во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, за косовската делегација ќе биде организиран официјален пречек во кругот на МВР.
Потоа е предвиден работниот состанок на двете делегации по што ќе следуваат и изјави за медиумите.























