21 починати денеска од ковид, од кои 10 вакцнирани, и уште 1.913 заразени од 7.219 тестови се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 243 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Новозаразените се во Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48, Велес – 41, Кичево– 35, Штип – 30, Гевгелија – 29, Охрид- 28, Кочани – 25, Радовиш – 24, Неготино – 21, Струга – 18, Гостивар – 17, Делчево – 14, Ресен -12, Крушево – 11, Струмица – 10, Пробиштип – 9, Свети Николе – 7, Македонски Брод – 5, Демир Капија – 4, Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2, Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 254.857, од кои оздравеа 226.409, починаа 8.198, а активни се 20.250 болни.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.