Главни обвинители од 21 американска држава поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Џо Бајден во врска со указот за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата меѓу САД и Канада.

Тоа го објави јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон.

Од тужбата станува јасно дека Бајден „нема еднострано овластување да ја менува енергетската политика утврдена од Конгресот на САД“. Во нивниот случај, кој беше поднесен пред Федералниот окружен суд во Тексас, главните обвинители побараа укинувњае на наредбата на Бајден за блокирање на нафтоводот.

„Одлуката за доделување или одбивање на дозвола за изградба или управување со нафтовод преку меѓународната граница со Канада е регулација на меѓудржавна или меѓудржавната трговија. Според уставот, Конгресот има моќ да ја регулира меѓународната или меѓудржавната трговија, а не претседателот”, наведуваат обвинителите во тужбата.

Набргу по стапувањето на должност, Бајден потпиша указ за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата со Канада и САД. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Канада е разочарана од тој потег. Премиерот на канадската провинција Алберта, Џејсон Кени, дури го повика Трудо да се осигура дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден ќе има пропорционални економски последици за Вашингтон.

Поранешниот шеф на Стејт департментот, Мајк Помпео претходно го коментираше одбивањето на новата американска администрација за изградба на гасоводот Keystone XL од Канада до САД. Според него, со таа одлука, демократите „уништија 10.000 работни места“.