Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова денеска гостуваше во емисијата „Daily Click“ на ТВ21.
Зошто се одлучиле како партија да останат во коалиција со СДСМ, иако анкетите покажуваат водство на другата коалиција?
Таа вели дека иако во голем дел со СДСМ се разликуваат, сепак суштинско во овој период е патот кон Европската Унија.
„Ние излеговме со став дека ЛДП ќе даде поддршка на онаа коалиција која гласно ќе зборува за решенија како побрзо да стигнеме до ЕУ, односно како да се споиме на оној брз воз со ЕУ, бидејќи гледаме дека тоа ни е потребно и од аспект на пазарна економија, и од поголем реформи кои што треба да се направат но и од аспект на она што граѓаните сакаат, а тоа е да ја видат земјата во ЕУ“, додаде Зајкова.























