„Покачувањето на пензиите е суштинско прашање и се работ за неправда која треба да ја исправиме: Системот на определување на пензии е со 9 категории поврзани со стаж и колкава плата се земала во работен век и тоа во идеални услови може да е добро. Но, кога ќе видите кој во Македонија зема најниски пензии тоа се луѓето кои во деведесеттите ги изгубиле работните места при неправедната приватизација на СДСМ. Тие луѓе кои беа избркани од работа ли беа избркани ли не им плаќаат придонеси. Тоа го правеа директорите да ги обезвреднат фирмите, а дел ги земаа за без пари фирмите, а нивните деца се сега на функции. И тогаш и сега се страда од луѓе на СДСМ, од олигархијата“, кажа Николоски.
Николоски посочи дека приоритет е и борбата со корупцијата и криминалот.
„Има неколку модели за кои треба да размислиме за избор на лицата во судски и обвинителски совет на пример еден е оној на кој се бираат членови на Антикорупциска, ама модел во кој судиите или обвинителите сами бираат луѓе кои треба нив да ги оценуваат во менталитет како македонскиот не носи до тоа да нема никаква доверба во оваа правосудна област“, вели Николоски.
Потпретседателот Николоски укажа дека во 2018 година било јасно дека криминалот и корупцијата се главни проблеми на патот кон ЕУ.
„Да покажеме резултати во борбата против корупција и криминал притисокот веднаш ќе се прави во Софија, а не кај нас. Работата е едноставна да покажеме напредок во борбата против корупцијата и криминалот веднаш ќе биде поинаку“, изјави Николоски.























