На 24 април и 8 мај Албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив, велат од здружената албанска опозиција, како рекција на повикот на Бектеши за договор помеѓу партиите, оној што ќе загуби на изборите да се повлече целосно од политиката.

Во реакцијата воедно се вели:

Меѓутоа, ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика.

 

Бектеши со предлог: Оној кој ќе изгуби на изборите, да се повлече од политиката целосно!