31-годишна жена и 70-годишнен маж ги загубија животите како последица на корона вирусот. За само 24 часа во Клиничкиот центар на Градот Тетово се хоспитализирани 8 нови пациенти, со што вкупниот бројот на хоспитализирани е 47 пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка. Координаторот на Ковид Центарот вели дека голем дел од пациентите не се вакцинирани и уверува дека болницата е подготвена за ваква состојба.
„Што се однесува до хоспитализирани, имаме 8 пациенти кои се хоспитализирани во последните 24 часа и имаме 47 хоспитализирани и за жал имаме еден смртен случај на 31 годишна жена со анемија. Имаме 40 пациенти на кислородна поддршка а 7 не. Тие кои се на кислородна поддршка се во тешка состојба. Што се однесува до вакцинацијата 6 ја примиле првата доза, а 5 и втората доза“, посочи Гезим Нуредини.
Додека Ковид Центарот се соочува со бранот на нови случаи, од друга страна во центарот за вакцинација бројот на граѓани кои се вакцинирале до 14 часот е над 1000.
„Слободно можам да кажам дека заинтересираност за вакцинација последните денови е трипати зголемена, и покрај тоа што пунктовите имаат капацитет за тоа сепак имаме толпа на граѓани кои изразиле интерес за вакцинација и имаме енормна заинтересираност“, посочи Бесник Мустафаи.
Граѓаните кои ги сретнавме во пунктот за вакцинација ни рекоа дека се вакцинираат бидејќи не сакаат да ги загрозат другите.
„Тоа е за самозаштита и на другите да не им правиме штета. Да дојдат да ја примат вакцината и да ја смират нивната душа“, посочи граѓанин.
По Скопје, Тетово е градот со најголем раст на бројот на заразени со ковид-19. Вкупно има 571 активни случаи.