Земјотрес од 3 степени беше почувствуван во Скопје.
Потресот се случи во 11 часот и 41 минута, а епицентарот е во Косово, на 36 километри северозападно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.